Кралот на рокенролот, Елвис Присли, е еден од најпопуларните музичари на сите времиња, чија музика има многу фанови и денес. Сепак, во приватниот живот имал голем број мании и фетиши кои не се премногу позитивни прифатени во општеството. Едноставно, Присли живеел прилично развратен живот. Тој најмногу сакал девици, но и девојчиња кои не биле постари од 14 години. Толку имала и неговата сопруга Присила кога ја запознал. Сакал и „тројки“, а бил и воајер.
Џоел Вилијамсон, авторот на книгата „Elvis Presley: A Southern Life“, раскажува за сите фетиши и сексуални фантазии на кралот на рокенролот.
Тој пишува дека Елвис Присли им се додворувал на девици, ја одржувал врската што е можно подолго без секс, но кога ќе ја изгубеле невиноста, тој го губел интересот за нив.
Неговата сопруга, Присила, имала само 14 години кога го запознала Елвис во германска воена кантина. Во тоа време тој имал 24 години. Според книгата на Вилијамсон, Елвис „водел љубов со неа на секој можен начин, но без пенетрација“.
Бидејќи невиноста на Присила му била многу важна, тој опсесивно ја чувал. Иако таа го молела да имаат секс, тој сакал таа да остане девица што е можно подолго.
“Последниот пат го молев да ја доведе нашата љубов до кулминација. Тоа би било толку лесно за него. Бев млада, ранлива, очајно заљубена и тој можеше целосно да ме искористи. Но, тој тивко рече: „Не, еден ден ќе го сториме тоа, Присила, но не сега. Навистина си премногу млада“, пишува во книгата на Вилијамсон, кој тврди дека ова е разговор кој се водел меѓу нив двајца.
Присила не била единствената девица со која бил Елвис.
Во 1969 година Елвис запознал неколку девици и не можел да им одолее.
Џојс Бова, која во тоа време имала 25 години, го запознала Елвис во Лас Вегас и тој ја поканил на вечера, а таа таквата понуда ја прифатила цела година подоцна. На крајот воделе љубов, но Бова си заминала лута кога Елвис ѝ рекол дека нивната врска нема иднина. Причината за ова, според Вилијамсон, е затоа што таа веќе не била девица.
По ова почнал врска со друга девица, Кети Вестморленд, која била сопран на концертите на Елвис во Лас Вегас. Кога ѝ пришол, ја прегрнал и бакнал, таа му признала дека е невина. По кратко време имале секс, а прекинале да се гледаат бидејќи Кети морала да се врати на работа во Лос Анџелес.
Заљубена во Елвис, таа сепак решила да остави сè и да му се врати, но кога дошла во Лас Вегас, со надеж дека ќе ја продолжат врската, Присли веќе не бил заинтересиран.
Во 1972 година, Елвис ја запознал Линда Томпсон, која тогаш имала 22 години и била невина. Елвис и Линда биле во врска четири години.
Во нејзината книга „A Little Thing Called Life: On Loving Elvis Presley, Bruce Jenner, and Songs in Between“, таа раскажала како ја загубила невиноста.
“Се расплакав, а тој ме држеше и рече: „Душо, не плачи. Те молам, не плачи“, но кога продолжив, рече: „Плачи… Ако сакаш да плачеш, плачи душо“, пишува таа во книгата.
Линда раскинала со Елвис во декември 1976 година, а тој починал следната 1977 година.
Елвис не бил добар во кревет.
Според Линда, Елвис бил „крал на предиграта кој знаел како орално да задоволува, но не го бивало за секс“.
Ни актерката Сибил Шепард не била одушевена по ноќта помината со него. Таа рекла дека Елвис „одлично се бакнувал и бил многу сладок, но не бил „пастув“ каков што очекувала“.
Сличен став имала и актерката Рита Морено, која почнала врска со Елвис веднаш откако раскинала со Марлон Брандо (најмногу за да му врати на Брандо што ја изневерил). Таа во една пригода рекла дека Присли не можел „да му држи свеќа на Брандо“ и дека ноќта што ја поминала со Елвис била „аматерска“.
Елвис Присли бил и воајер.
Според Вилијамсон, Елвис наводно имал поставено двонасочни огледала во својата куќа, но и во куќарката покрај базенот за да ги шпионира луѓето додека имале секс.
Со текот на годините, Елвис развил и специфични фетиши. Тој, на пример, барал од своите девојки секогаш да носат бели гаќи додека се во кревет. Сакал да играат улоги за време на сексуалниот однос, па наместо вистински да имаат односи со Присила, се облекувале како медицинска сестра и пациент и си ги истражувале телата.
Понекогаш Елвис носел други девојки во својата спална соба, па ги терал Присила и девојката да се преправаат дека водат љубов додека тој гледал, снимал, а понекогаш и се придружувал.
Со Присила имале обичај да прават фотографии со полароид, а потоа ги чувале во сребрен куфер.
Елвис често организирал и големи забави на својот имот „Грејсленд“, без Присила или неговите други девојки.
“Тогаш ги викал танчарките да „пливаат голи во базенот, а потоа да им се придружат на момчињата во многуте спални соби на имотот“, пишува Вилијамсон.
Елвис, сепак, најмногу сакал 14-годишни девојчиња.
Во книгата, Вилијамсон открива и вознемирувачки детали, односно дека Елвис знаел да доведе по три 14-годишни девојчиња во неговата спална соба за „борби со перници, скокоткање, бакнување и гушкање“.
Џеки Роуланд го запознала Елвис во 1956 година кога таа имала 14, а тој 21. Тој ја однел Џеки во неговата соба во театарот каде што пеел за да ја научи како да се бакнува.
Френсис Форбс е уште една 14-годишна тинејџерка која одела на забавите на Елвис. Таа го запознала кога имала само 13 години.
“Тогаш не ми обрнуваше внимание, но кога имав 14 години ме забележа. 14 години беа волшебно доба за Елвис“, рекла таа.
Во 1974 година, кога Елвис имал блиску 40 години, во Мемфис запознал уште едно 14-годишно девојче, Рика Смит. Таа вели дека тие двајца имале неколку долги љубовни сеанси.
Елвис ѝ подарил автомобил, а нејзиниот татко го прифатил подарокот. Но, кога Елвис сакал Рика да оди со него во Нешвил, нејзиниот татко одбил. Нивната врска завршила во 1975 година.
“Фасцинацијата на Елвис со младите девојки ги плашела сите, но никој немал храброст да му каже нешто“, пишува Вилијамсон.