Лепа Лукиќ вчера во Белград, после пауза од шест години одржа концерт.
Овој, како што најави бил и последниот нејзин солистички концерт во кариерата, но таа и понатаму ќе продолжи да се занимава со музика.
Овој единствен потфат на познатата пејачка со наслов „Лепини путичи“, го поддржа оркестарот на Миша Мијатовиќ, како и неколкумината гости на концертот.
Тоа биле: Зорица Брунцлик, Ана Бекута, Иван Милинковиќ, Милан Топаловиќ, Снежана Ѓуришиќ, Цакана, но и младата пејачка Милица Миловановиќ.
Концертот бил доста емотивен, а за тоа сведочеле и лицата на луѓето во публиката, како и солзите на Лепа Лукиќ, со оглед на тоа дека на некој начин се збогувала со публиката…