Полските власти обвинија маж дека се преправал дека е кукла во излог за да украде накит по затворањето на продавницата.
На снимката од надзорните камери се гледа како 22-годишен маж мирно стои во излогот и држи торба. Полицијата соопшти дека по затворањето, младиот човек „шетал“ по разни одделенија на продавницата и на крајот завршил на местото каде што се продавал накит.
Истиот човек бил обвинет за кражби и во други трговски центри и сега, доколку биде осуден, му се заканува казна затвор до 10 години. Варшавската полиција соопшти дека персоналот и клиентите не забележале ништо необично додека мажот стоел во излогот. На крајот бил забележан од обезбедувањето. Тој е приведен и осуден на три месеци притвор, пишува Би-Би-Си.
Како што е споменато, неименуваниот маж е обвинет и во врска со други инциденти. Полицијата соопшти дека тој крадел облека во друг трговски центар каде што тивко излегол од ресторан за време на вечерата и влегол во продавницата, ја заменил својата облека за нова облека, а потоа се вратил во ресторанот. Тој бил снимен како се прикрадува под делумно спуштената заштитна ролетна на продавницата.
Портпаролот на полицијата Роберт Сумиата рече дека тој исто така чекал на друга локација додека продавницата не се затвори, а потоа земал пари од неколку каси и се обидел да украде предмети од полиците.