Хрватскиот 24Сата пишува дека фиксниот дел од платата на Иванишевиќ кај Ноле се движи од 6.000 до 10.000 евра неделно. Имајќи предвид дека во текот на годината тие се 25 до 30 недели заедно, Иванишевиќ добива на сметка најмалку 150.000, а најмногу 300.000 евра.
Меѓутоа, тоа било само дел од платата, а имало и дел кој го прима како бонуси. Третиот елемент е всушност најдоходовен, бидејќи изнесува процент од парите кои ги заработува Новак Ѓоковиќ на турнирите. Неофицијално, биле договорени за околу 10 отсто од секој освоен турнир, a тоа не е воопшто малку.
На пример, за победата на Ју-Ес опен Ѓоковиќ доби 2,5 милиони долари, што му носи на Иванишевиќ 250.000 долари. Според официјалните податоци на веб-страницата на АТП, во 2023 Ѓоковиќ има заработка од 10,58 милиони долари од турнири, што значи Иванишевиќ досега веќе „лапнал“ милионче, настрана од фиксните 150.000 до 300.000 евра.
Хрватот влезе во тимот на Ѓоковиќ во 2019 година, покрај Марјан Вајда, кој тогаш му беше главен тренер. Подоцна Словакот се повлече, а Иванишевиќ остана доби унарпедување.