Контроверзниот тајкун Траверс Бејнон гордо ја носи титулата „крал на оргиите“, а начинот на кој живее шокираше многумина.
Траверс Бејнон, тутунскиот тајкун, многумина го обвинуваат дека ги третира жените како своја сопственост, терајќи ги да прават бизарни работи. Во исто време бил со неколку жени, а тие биле понижени до тој степен што богаташот ги водел на поводник како кучиња.
„Кога имаш една девојка, тоа е една работа. Но, кога има повеќе, толку многу работи ми поминуваат низ главата. Секоја вечер, во просек, во мојот кревет имам четири девојки. Честопати не спијам доволно. Мислам дека секоја недела смислувам нова поза. Времето во спалната соба не е време посветено на мене, туку на девојките. Да се биде добар во кревет значи дека не мислиш само на себе“, изјави тој за магазинот „Оушн роуд“.
Оргиите, блудот и неморалот му го одбележале животот, а интересно е што и неговатаќерка тргнала по стапките на својот татко кога е во прашање популарноста.
Лучијана Бејнон има 21 година и кариера на успешен модел. Лучијана веќе работела на неколку кампањи во светот на манекенството, а, според странските медиуми, совети добива и од својот татко, кој исто така, порано бил манекен.
Младата Лучијана во интервју за „Јунилед“ за првпат проговори за животот во луксузната вила „Кендимен шоп“ во која живеат нејзините две сестри, нејзиниот брат, таткото, неговата сопруга и неговите љубовници.
„Се сметам себеси за благословена што живеам во таа куќа. Сепак, тоа е сè уште нормален семеен дом. Да, татко ми има жена и уште неколку девојки, но сите ние сме семејство. Многу се забавуваме, но и многу повеќе работиме бидејќи имаме големо „семејство“. Да се живее со татко ми е многу забавно. Тој знае како да живее и на сите им покажува како да го извлечат најдоброто од животот“, вели таа.
Лучијана почнала да се занимава со манекенство на 14 години. Мотото на нејзиниот татко „работи многу, забавувај се силно“ ја води во животот. Таа вели дека работните навики ги наследила од својот „конзервативен“ татко.
„Она што луѓето можеби не го разбираат е дека татко ми е многу старомоден и една од најважните лекции што нè научи мене и брат ми беше дека напорната работа се исплати и ништо не доаѓа лесно. Затоа ми беше важно да почнам да работам што е можно поскоро“, вели таа.
Иако јавноста е згрозена од однесувањето и ароганцијата на нејзиниот татко, Лучијана го брани.
„Тој е опкружен со убави жени, сака да ги разгалува и прави да се чувствуваат добро. Мислам дека е смешно што луѓето го обвинуваат дека ги сведува жените на ниво на сексуални објекти. Што е со милионите жени кои сами си објавуваат полуголи селфи-фотографии на социјалните мрежи и имаат милиони следбеници? Жените треба да имаат избор да се изразат“. вели таа.
Лучијана додава дека секој однос меѓу возрасни личности кои сами одлучиле да го сторат тоа треба да биде прифатлив.
Траверс своевремено рекол дека на неговата сегашна сопруга Таша Бејнон не ѝ пречи што тој спие со толку многу жени и да учествува во сè.
„Во текот на викендите ни доаѓаат до 30 жени, а тоа ѝ се допаѓа на мојата сопруга. Таа е апсолутно вклучена во сè што се случува“, рекол тој.
Тајкунот е во брак со Таша од 2009 година и имаат две деца, а во вилата почнале да носат и други жени за да ја зачинат нивната врска.