Принцот Абдул Матин од Брунеи ќе се ожени на почетокот на следната година.
Синот на султанот Хасанал Болкија е познат како вечен и најпосакуван ерген, но сепак реши да се смири.
Живееше развратно и безобзирно, но неговата пријателка од детството, со која ќе се ожени во јануари 2024 година, му застана на патот на таквиот начин на живот. Неговата избраничка е Аниша Роснах бинти Адам, внука на еден од советниците на султанот од Брунеи. Таа е сопственик на компанија за производство на свила, а поседува и туристичка агенција.
Нивната врска е позната веќе некое време бидејќи таа се појавувала со него на свадбите на неговите сестри. Кралската венчавка ќе трае десет дена. Веста за свршувачката ја соопштил султанот и истакнал дека прославата ќе трае од 7 до 16 јануари 2024 година. Абдул на своите профили нема фотографија со својата идна невеста.
Абдул Матин е роден во август 1991 година. На социјалните мрежи често објавува провокативни фотографии на кои позира без маица. Дипломирал меѓународна политика на Кралскиот колеџ во Лондон и е пилот на хеликоптер во војската.
Тој е и активен спортист. Игра поло во репрезентацијата на Брунеи, а ужива и во скијање, нуркање, голф… Тој е десетто дете на султанот Хасанал Болкиах и петто во редот за наследување.