Социјалните мрежи се „запалија“ кога сексапилната убавица Мелиса Слоун призна дека ги следи фудбалерите на Челзи, Мејсон Маунт, Бен Чилвел и Били Гилмур.
Провокативната Слоун беше во емотивна врска со Мејсон Маунт, но таа врска заврши.
Но, потоа започнал вистински пекол за фудбалерот бидејќи Мелиса не сакала да се оккаже од врската, дури и кога Маунт ја блокирал дури 21 пат.
Ѕвездата на Челзи се обиде да го прекине секој контакт со неа, но не успеа. Во еден момент дури се плашеше дека Мелиса ќе стигне до тренинг центарот на Челзи.
Слична судбина годоживеал и Бен Чилвел, но се чини дека најлошо минал сегашниот фудбалер на Брајтон, Били Гилмур.
Гилмур откри дека „русокосиот ѓавол“ го прогонувал и откако се преселил на југот од земјата.
„Не можев да заспијам и морав да пијам апчиња за спиење, што подоцна се одрази на мојата форма на теренот“, изјави Гилмор.
Мелиса Слоун призна дека ги следела овие фудбалери во текот на 2022 година. Маунт од 19 јуни до 28 октомври, Бен Глимор од 10 септември до 28 октомври, додека Бен Чилвел бил вознемирен од 20 до 29 октомври.