Пред речиси три недели медиумите објавија дека популарниот српски актер Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ го чекаат своето прво дете.
Имено, веста за приновата тие вешто ја криеа од јавноста и им ја соопштија само на најблиските. Но, српските медиуми кои ги „уловија“ во шопинг, потврдија дека Ивана е во блажена состојба и молскавично ја раширија среќната вест.
Сега Ивана реши на својот инстаграм-профил да ја сподели својата прва фотографија со трудничкиот стомак. Под неа кратко напиша: „Oктомври“.
Таа позираше во нивниот стан во тесен фустан и ја покажа одличната фигура. Ивана блеска во својата поодмината бременост, а за својот изглед доби и бројни комплименти.
„Убава трудница“, „Честитки, изгледаш прекрасно“, „Прекрасна како и секогаш“, „Браво за фигурата, блескаш за време на бременоста“, се дел од коментарите.
Инаку, откако се прошири веста за нејзината бременост Милош се огласи на својот Инстаграм и ја потврди убавата вест.
„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, дефинитивно ќе ве контактираме“, напиша тој.