Актерката Ања Тејлор-Џој минатиот викенд се омажи на раскошна церемонија во Венеција. Таа му го рече судбоносното „да“ на музичарот Малколм Мекреј, пренесува „Дејли мејл“.
Ѕвездата на „Queens Gambit“, имаше гламурозна венчавка со 150 гости. Пред свадбата беше видена на балконот како ужива со кафе, без шминка, додека прави мала пауза пред свечената церемонија.
Многумина чекаа да видат каква венчаница избрала Ања, а таа импресионираше со изборот на фустан кој отстапува од конвенционалните модели.
Актерката се реши да не носи бела венчаница, па пред гостите се појави во беж фустан со везови и украси – вклучувајќи птици и цвеќиња, комбинирајќи го со бел превез. Нејзиниот изглед некои го опишуваат како „убав лебед“, а други како изглед на „принцеза од бајките“.
Меѓу гостите, на венчавката на актерката и музичарот се појавија Кара Делевињ која носеше смокинг, Џулија Гарнер во кадифен фустан во стилот на дваесеттите, Николас Хулт и неговата девојка Ева Рос.
Младенците претходно беа видени на патување низ Венеција во потрага по идеалното место за венчавка. Тие го ангажираа компанија за планирање свадби, чии услуг чинат од 250.000 долари и повеќе.
Инаку Ања Тејлор и Малком се во врска од мај 2021. Успеаја да ја спасат својата љубов и покрај тоа што поради работните обрски таа е претежно во Лондон, а тој во САД.
Останатите фотографии може да ги погледнете ТУКА.