Адријана Лима откако се дозна за нејзината врска со францускиот продуцент Андре Лемер, безброј пати се појавила на црвениот тепих со нејзиниот партнер, а потоа во јавноста се појавуваше речиси секогаш сама.
Тоа ги поттикна сомнежите дека можеби нешто не е во ред со нивниот емотивен однос. Фотографијата која таа синоќа ја објави на социјалната мрежа Инстаграм ги отфрли сите такви наводи.
Фановите речиси се навикнаа Адријана секогаш во јавноста да биде во друштво на Андре Лемер. Популарната Бразилка во 2021 година ја започна врската со филмскиот продуцент и за жал веста за нивната романса ја следеа и негативни коментари во кои се изразуваше некој вид на чудење, од типот: „што видела таа во него?“, па се истакнуваше мислењето и дека „нејзиниот поранешен сопруг Марко Јариќ е многу позгоден маж“ и слично.
Многумина веруваа дека оваа врска на манекенката ќе биде кратка, но сепак се случи поразлично сценарио. Впечатокот дека Адријана Лима во негово друштво е неизмерно среќна, не ги лаже нашите погледи, а ниту моќта за осудување.
Начинот на којшто тој ја гледа не може да ги скрие емоциите, а истиот го поздравија многу од жените, но и мажите. Тука има уште едно важно нешто. Парот дели многу заеднички интересирања и лудо си поминуваат заедно.
За последното нешто кое го направиле заедно и во кое уживале говорат фотографиите кои ги објавила Адријана Лима на социјалната мрежа Инстаграм. Фотографиите настанале на концертот на групата „Coldplay“ во Лос Анџелес, додека парот уживал во нивната омилена музика, а фотографијата „рака во рака“ е најмоќниот доказ дека не постои сомнеж во нивната цврста љубов.
Адријана и Андре минатиот август го добија и синот Сајан. Манекенката од бракот со Марко Јариќ ги има ќерките Сиена и Валентина.