Прочуениот американски гитарист Ал Ди Меола претрпе инфаркт на неговиот концерт во Букурешт но сега неговата состојба е стабилна – пренесува АП.
Сведоци велат дека за време на настапот, 69 годишниот Ди Меола почнал да се држи за градите а потоа едвај излегол од сцената.
Останатите од групата свиреле уште неколку минути а потоа соопштиле дека концертот се прекинува.
Според соопштението на болницата “Багдасар-Арсен“ во Букурешт, Ал Ди Меола е примен на одделението за кардиологија, каде што се лекува од инфаркт.