Пејачката Шер е обвинета дека го организирала киднапирањето на сопствениот син во 2022 година.
Според британскиот „Индепендент“, Шер ангажирала четворица мажи да го киднапираат нејзиниот син Елајџа Блу Алман од хотелска соба во Њујорк, како би го спречиле да се смири со неговата отуѓена сопруга од која се разведувал, покажуваат судските документи.
Шокантните наводи биле изнесени во документите за развод поднесени од Мери Анџела Кинг, 36-годишната сопруга на Алман, уште во декември минатата година. Во новооткриените документи, кои ги виделе повеќе медиуми, британската пејачка Кинг тврдела дека таа и Алман престојувале заедно во хотел во Њујорк во 2022 година, откако Шер побарала од неа да го напушти нивниот семеен дом.
„Откако ги поминавме овие 12 дена заедно во Њујорк … четири лица дојдоа во нашата хотелска соба и го извлекоа Алман од нашата соба“, напишала Кинг во изјавата потпишана на 4 декември 2022 година.
Во својата изјава таа додала дека „еден од четворицата мажи ѝ кажал дека мајката на Алман ги вработила“.
Да потсетиме, синот на пејачката и рок легендата Грег Алман поднел барање за развод во 2021 година.
Меѓутоа, една година подоцна, парот наводно се смирил на 12 дена кога четворица мажи го киднапирале Алман на 30 ноември, на годишнината од нивниот брак.