Џулија Робертс плени со шарм и харизма каде и да се појави. 55-годишната актерка со едноставна елеганција привлекуваше погледи на најновата ревија на Гучи во Милано.
Ѕвездата од филмот „Pretty Woman“ со широка насмевка позираше пред фоторепортерите и докажа дека не ѝ треба гламурозна тоалета за да остави впечаток. Таа носеше невообичаен стилски костум со кратки панталони.
Нејзиниот стајлинг бил создаден во соработка со новиот дизајнер на Гучи, Сабато де Сарно.