На социјалните мрежи протече видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (69) како игра кошарка со пратеници во спортска сала.
Имено, турската телевизија ТРТ објави видео на Јутјуб за кое тврди дека го снимил Мустафа Варанк, пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган.
Се наведува дека натпреварот се одиграл во сала која се наоѓа во рамките на претседателскиот комплекс во Анкара.
Ова не е прв пат Ердоган да излегува на кошаркарски терен со своите соработници, а во октомври 2021 година ТРТ објави и клип од турскиот претседател како игра кошарка надвор.
Тој на почетокот на годинава преку социјалните мрежи ги повика сонародниците да спортуваат за да го подобрат животот и здравјето и рече дека се труди три пати на ден да има спортски активности.