Италијанската филмска дива Софија Лорен (89) е тешко повредена по падот во нејзиниот дом во Женева во неделата наутро.
Како што пренесува „Corriere della Sera“, актерката била пренесена во болница каде ѝ била констатирана фрактура на колкот.
Во швајцарската болница Софија била подложена на операција, која се чини дека беше совршено успешна, но ќе ја принуди да мирува, по што потоа ќе може да започне со рехабилитација. Времето на закрепнување, сепак, не треба да биде претерано долго. До неа се нејзините два сина Едоардо и Карло.
Актерката требаше да замине во Бари, каде што ја очекуваа на 26 септември на инаугурацијата на објект што ќе го носи нејзиното име. Очигледно нема да може да присуствува, но инаугуративниот настан нема да се одложи во никој случај, пренесуваат локалните медиуми. Лорен ќе пристигне во главниот град на Апулија веднаш штом закрепне, и откако ќе ѝ биде дозволено да патува со авион.