Британската актерка Даниела Вестбрук не престанува да привлекува внимание со чудното однесување на плажа. Таа веќе со месеци постојано е на плажа и закрепнува од бројните естетски операции. Фотографиите што редовно се појавуваат не престануваат да ја шокираат јавноста, а се чини дека тоа ѝ годи на Даниела, со оглед на нејзините очајни постапки.
Овој пат, Даниела во розово бикини го покажала својот вообичаен перформанс на плажа, изведувајќи чудни и загрижувачки движења. Таа упорно се труди да изгледа помладо одошто е, додека многумина коментираат дека доживува средовечна криза.
Се чини дека долгогодишната консумација на кокаин оставила големи последици врз неа. Нејзиното лице добило чуден облик, а сето тоа се должи и на бројните естетски корекции.
Многумина се прашуваат што се случува со нејзиниот љубовен живот и зошто секогаш е сама во јавност. Оваа 49-годишна актерка имала низа неуспешни врски низ годините, а сега подготвена е да се омажи за својот свршеник кој е во затвор, по шест години љубовна врска.
Даниела ја шокирала јавноста со својата книга во која пишува дека наводно консумирала кокаин додека го раѓала синот, но и дека била силувана 48 часа во 1990-тите, бидејќи должела пари.
Пред објавувањето на книгата, за овој страшен настан не знаеле ниту нејзиното семејство ниту пријателите, кои се шокирале по споменатите извадоци.
„Им должев пет илјади фунти. Ми упаднаа дома и ми бараа пари што ги немав. Потоа ме киднапираа, ме одведоа во стан во близина на мојата куќа и ме силуваа 48 часа. Се менуваа еден по друг на мене и ме дрогираат за да не им побегнам“, напишала таа во своите мемоари, а Даниела наводно досега има потрошено околу 250.000 евра на недозволено супстанции.
„Земав дрога и додека бев бремена. Се породив на под во тоалет, а кога започнаа породилните болки, шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, раскажала таа во едно интервју.
Таа поради консумацијата на кокаин добила септум, по што лицето почнало да ѝ се распаѓа.