Инфлуенсерката Морган Осман, која тврдела дека се забавува со сопругот на Бритни Спирс, Сем Асгари по објавувањето на нивниот развод, е предмет на потсмев на интернет.
Осман е предмет на потсмев откако беше снимена како себеси се нарекува „Славна на Инстаграм “ додека прави хаос во авион.
35-годишната дизајнерка преку ноќ стана главна тема на социјалните мрежи. На видеото се гледа како жената во сив комбинезон го зема својот багаж додека вика на патничка. “Наречете ме кучка уште еднаш! Не направив ништо лошо!” таа се развика, додека патниците се смееја.
Некој ѝ рекол да замолчи во еден момент, на што таа одговорила: “Не, ќути! Ти и твојата кучка!” А кога сфатила дека ја снимаат, бесно се свртела кон таа личност и врескала: „Снимајте ме, славна сум на Инстаграм, кралеви на клошарите!“
“Каков женски кловн! Таа мисли дека е позната, а никој на летот нема поим која е таа”, коментираат корисниците на социјалните мрежи. Американ ерлајнс одбиле да го коментираат инцидентот, па не е јасно кога точно е направено видеото и на кој лет.
Дејли Мејл пишува и дека Морган се претставува како модел на Инстаграм и дизајнерка на костими за капење. Таа неодамна го потврди својот идентитет во изјава за NY Post. „Да, тоа сум јас“, вели Осман, која редовно објавува слики во бикини за нејзините речиси милион следбеници на Инстаграм.
A ‘Instagram Famous’ woman, Morgan Osman (Instagram OfficialMorganBritt) is seen being kicked off a plane.
She refers to other passengers as “bums” as she is escorted out. pic.twitter.com/X9z61hX14w
— News Alphas (@NewsAlphas) September 18, 2023