Имав прилика да разговарам со Натали Портман, актерка и застапничка за елиминирање на насилството врз жените и девојките, која посветува голем дел од своето време за поддршка на оваа наша заедничка кауза, напиша на Фејсбук сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.
„Ние, жените водиме битки на неколку фронтови, образование, репродуктивно здравје, економска независност, еднакви плати итн., затоа што напредок на жени насекаде, ќе значи и напредокот на државите, вклучително и нашата“, напиша таа и објави фотографија со актерката.
Претседателот Пендаровски заедно со својата сопруга престојува во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации.