Актерот Лив Шрајбер и неговата 25 години помлада избраничка, Тејлор Најсен, неодамна биле видени во Њујорк на семејна прошетка. На лицето на Лив немало насмевка, туку изгледал прилично незадоволно и несреќно. Имено, актерот ја туркал количката, додека Тејлор го носела нивното бебе. Датумот на раѓање на детето сè уште не е познат, но фотографиите што се појавија во јавност ја открија таа радосна вест. Ова е нивното прво заедничко дете, додека актерот има две момчиња од претходната врска со познатата актерка Наоми Вотс.
Инаку, актерската двојка Наоми Вотс и Лив Шрајбер се разделиле по 11 години брак. Наоми кратко по разводот започнала врска со колегата Били Крудап. И покрај тоа што ја криеле врската, сè испливало на површина.
Од друга страна, Лив и Тејлор започнале романса во 2017 година, откако Шрајбер бил во врска со Наоми Вотс од 2005 до 2016 година и одржувал добри односи со неа, заеднички грижејќи се за децата, Александар Саша Пит и Семјуел Семи Кај.
Бракот на Лив и Наоми изгледал многу стабилно и хармонично, но ништо не било онака како што изгледало. Различните цели и погледи кон светот довеле до развод.
„Нивната врска навистина не беше функционална и тоа траеше со години. Наоми сакаше да патува, да снима филмови, да оди на премиери, да биде видена на филмски фестивали и да се појавува на црвениот килим. Лив сакаше сосема поинаков живот, не беше за тоа. Сакаше да живее мирен живот во Њујорк со нивните деца“, раскажал анонимен извор тврдејќи дека тоа било причината за раскинувањето на поранешната двојка.
Поранешниот пар и по раскинувањето е во добри односи. Наоми Вотс (54) не пропушта да му честита роденден на бившиот сопруг на Инстаграм.
Инаку, Лив не се разделува од 25 години помладата избраничка, а многумина коментираат дека никаде не ја пушта сама, како и дека успеал да воспостави контрола врз неа, додека со Наоми тоа не му успеало.