Познатиот актер Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора Ли Фурнес, ја известија јавноста дека одлучиле да се разведат после 27 години брак.
Познатиот австралиски пар има две деца, кои повеќе и не се толку мали, синот Оскар 23 години и ќерката Ава 18 години.
Парот издал заедничко соопштение и открил дека одлучил да се разведе, што ги изненадило сите оние кои го следат овој холивудски пар.
Хју и Дебора важеа за еден од најскладните парови, па оваа вест речиси сите ги изненадила.
Тие истакнале дека и натаму семејството им е на прво место, но дека сега улогите малку се смениле.
„Нашето семејство беше и секогаш ќе биде нашиот најголем приоритет. На ова следно поглавје пристапуваме со благодарност и љубов. Многу го цениме вашето разбирање за почит на нашата приватност додека нашето семејство минува низ оваа транзиција на животите“, напишале Хју и Дебора.
Изјавата ја потпишале како „Деб и Хју Џекмен“ и додале дека ова е единствената изјава која ќе ја дадат по тој повод.
Австралиската русокоса е 13 години постара од Хју, а тие во една прилика изјавиле дека толку многу се сакаат што никогаш не поминале повеќе од две седмици одвоени, од нивната венчавка која се случила во 1996 година.
Доколку се потсетиме на начинот на којшто овој април Хју ѝ честиташе 27-годишнина од брак на Деб, овој потег е уште повеќе изненадувачки.
„Те сакам Деб. Денеска ни е 27-годишнина од брак. Толку многу те сакам“, напишал актерот на своите социјални мрежи.
Инаку, актерот е познат и како голем навивач на Новак, како и неговата сопруга кои неодамна ги видовме како заедно со Јелена Ѓоковиќ следат еден од натпреварите на тенисерот.