На ТикТок стана вирална снимката од жена која тврди дека ја фрла пепелта на нејзиниот покоен брат во базен на клуб на Ибица.
Видеото предизвика незадоволство на интернет и многумина не можат да поверуваат дека е вистина тврдењето дека фрла пепел во базен на клубот, објави Дејли Меил.
На видеото се гледа како жената танцува и отвора мал сад, чија содржина потоа ја истура во водата и продолжува да танцува. Видеото, кое наводно било снимено во хотел на плажа во Ушуаја, првично било споделено на TikTok пред да се пробие на Твитер.
„Овде го истурам брат ми во Ушуаја“, гласеше описот на видеото. Како што веројатно можете да замислите, клипот привлече големо внимание на интернет.
„Требаше да оди директно низ канализација“, „Ова е валкано“, „Не ми се верува што гледам“, пишуваат луѓето на Твитер.
„Само што видов како жена ја истура пепелта на својот брат во базенот. Доста е интернет за денес“, заклучил еден корисник.