Пирс Соер, кој го прославувал својот 23-ти роденден, со неименуваната жена биле фатени на дело од член на кабинскиот екипаж кој ја отворил вратата за да го открие блудот на летот кон Ибица.
Двојката била дочекана со овации додека се враќаа на своите места.
Сега неговата мајка Елејн изјави за „Сан“ дека била шокирана поради „срамната“ снимка од нејзиниот син што ја споделија пријателите, па дури и се дискутирало во емисијата „Лесни жени“ на ITV.
— aney stokes (@VideosIrish) September 10, 2023
Таа рече дека иако тоа „не било нешто што мајка сака да го види“, таа не мисли дека парот „некому направил штета“ и тврди дека стјуардот „не требало да ја отвори вратата“ за сите да го видат.
Елејн Соер откри дека нејзиниот син отишол на Ибица со пријателите за да го прослави неговиот роденден, а исто така им кажала на новинарите дека е „самец“ и дека неговите пријатели „само се забавувале на аеродром“ кога ја сретнал жената со која подоцна заврши во тоалетот.
„Знаете дека овие работи ќе се случат кога ќе заминат на одмор, но не очекувате тоа да се случи за време на летот. Едноставно понекогаш не размислувате за такви работи. Да, тоа е непријатна ситуација, но немојте да мислите дека тие направиле некому каква било штета“, им рече таа на новинарите.
Таа вели дека нејзиниот син „не сака да зборува“ за инцидентот и се сомнева дека „најверојатно само сака да заборави сѐ, што е можно поскоро“.