„Вака треба да ги „зачините“ интимните односи со партнерот“: Дуа Липа открива како да ги разгорите страстите во спалната соба (ФОТО)

by Тони Зографски

Дуа Липа зборувала за интимните односи и појаснила како таа ја разгорува страста во кревет. Најважно е никогаш да не ви биде здодевно и монотоно.

Пејачката нагласила дека сѐ е многу едноставно и дека „тајната“ на добрата врска е искрената комуникација со партнерот, но тоа не треба да го правите во спалната соба.

Дуа Липа смета дека тоа е единствениот начин врската да опстане и да имате страст дури и после десет години врска.

„Целосно е бизарно да не разговарате со партнерот за тоа што му се допаѓа, а што никако не сака да го прави во кревет. Искрите во кревет мора секогаш да бидат присутни и треба дополнително да се зближите со партнерот. Мислам дека важно е да разговарате за интимните односи и да бидете послободни во врска со тоа за да може да се ослободите од вината и срамот“, појаснила пејачката.

За да уживате со својот партнер и кога ќе остарите, пресудна е една работа, наведува Дуа.

„Клучот на трајната љубов е во пронаоѓањето забава еден во друг. Мора да бидете возбудливи, а правењето нови работи со партнерот никогаш не треба да прекине“, заклучила Дуа Липа.

останати вести