На Модната недела во Њујорк, Џулија Фокс за првпат позирала речиси гола, во метално бикини со сребрени синџири, а потоа носела рачни часовници како топ со соодветно мини здолниште.
Актерката и поранешна девојка на Канје Вест се појавила и во проѕирен фустан со црни крилја на грбот.
33-годишната Фокс која се прослави со улогата во „Uncut Gems“ го бранела своето право да биде гола.
„Жените ги загубија животите за ние да можеме да се облекуваме на овој начин“, изјавила ексклузивно за „NY Post“.
„Количината на негативни повратни информации навистина не беше нормална. Луѓето сакаат жените да се однесуваат и да бидат покриени како да сте во „Handmaid’s Tale“ или слично“, додала Фокс. Таа вели дека ги игнорира оние кои ја мразат и поради тоа има самодоверба на модната писта.