Ќерката на поп иконата Мадона, Лурдес Леон, се појавила полугола на моден настан и сите присутни биле изненадени од нејзината појава, со оглед на тоа што изгледала како да излегла од филмовите за возрасни.
Не е реткост некои од јавните личности да ги гледаме во експлицитни изданија на црвениот тепих со кои дополнително го привлекуваат вниманието, а за ќерката на Мадона може да се каже дека овојпат ги преминала сите граници на добриот вкус.
Поради тоа малку е да се каже дека сите останале без текст кога Лурдес се појавила на некој моден настан, а поголем дел од јавноста била согласна дека би немало голема разлика доколку таа се појавела таму целосно гола.
Лурдес за оваа прилика одлучила да облече црна танга и мрежа која требала да претставува фустан. Сепак под мрежата се гледале и нејзините гради и задник, што веројатно била нејзината намера.
Целокупниот изглед таа го надополнила со вртоглаво високи потпетици и неколку парчиња накит.