Наследникот на Сана Марин како лидер на Социјалистичката партија на Финска, Анти Линдман, се најде центарот на вниманието откако се појавија фотографии од неговото минато.
На првата, новиот лидер на финските социјалисти позира покрај четворица други мажи. Сите тие носат капи на Дедо Мраз и качулки кои им ги покриваат лицата, а двајца од нив држат пиштоли, додека другите двајца прават нацистичкиот поздрав.
Самиот Линдман, откако фотографиите беа објавени на почетокот на јули на социјалните мрежи, призна дека е еден од петте млади луѓе, поточно оној во горниот лев агол на фотографијата. „Јас сум тој што држи пластичен пиштол во рацете“, изјави тој за весникот „Италехти “ на 5 јули, објаснувајќи дека сето тоа се случило на божиќната забава на соучениците како „благодарност“ до сите што помогнале во снимањето на краток филм во кој учествувал и тој.
На втората фотографија која му предизвика „главоболка“ на 41-годишниот политичар, се гледа како тој се забавува на забава со девојка која е стуткана во висина на половината. Оние кои ја виделе фотографијата го обвиниле за мизогинија додека другите се прашувале дали во тој момент тој бил под дејство на дрога.
За оваа фотографија, Линдман уверува дека никогаш не користел дрога и дека се срами од обвинувањата за мизогинија. „Можам да кажам дека не сум премногу горд на мојот став на многу фотографии“, додаде тој по реакцијата на јавноста.
Според Линдман, овие фотографии од 1999 до 2009 година, кои беа објавени на онлајн форум и повеќе не се достапни, „не биле наменети за јавно објавување“. Тој, конечно, тврдеше дека пред години побарал од администраторот на форумот да ги отстрани спорните рамки, но тоа е направено сега откако избува скандалот.