Салма Хајек докажа дека годините за неа се само бројка прославувајќи го својот 57 роденден на плажа во оскудно црвено бикини кое ги истакна сите нејзини атрибути.
Така, во саботата наутро, познатата актерка објави серија атрактивни фотографии на социјалните мрежи на кои ужива покрај океанот и напиша: „Многу сум среќна што сум жива и длабоко сум благодарна за сите благослови!!! Моето сакано семејство, моите драгоцени пријатели, моето здравје, мојата работа која ме одржува, мојот мотивирачки тим, мојот однос со животните и природата и љубовта на сите мои верни фанови. Нека ми е среќен 57-миот роденден!!!“.
Иако не откри каде го слави роденденот, пред неколку дена објави дека патува со својата ќерка, 15-годишната Валентина Пино. Минатиот месец познатата актерка беше фотографирана на одмор со сопругот Франсоа-Анри Пино.