Полицијата во Норфолк, Небраска добила пријава за маж кој вози по патот со нешто што личело на крава во неговиот автомобил.
Веднаш излегле на терен, мислејќи дека тоа е некое помало суштество бидејќи немале поим како инаку кравата би се сместила во автомобил. Она што го очекувале не било ни сенка од она што им се покажало во реалноста – на совозачкото седиште седел симпатичен и многу мирен бик Ватуси, вид на говеда позната по големите рогови.
Двајцата лежерно се возеле по патот кога полицијата ги запрела. Биле многу мирни додека полицаецот ги испрашувал и некој човек би рекол дека вака возат секој ден, пишува The Guardian. Документите на возачот покажале дека се вика Ли Мејер, а полицијата морала да го прифати зборот дека неговиот патник се вика Хауди Дуди.
Откако се смирил, полицаецот морал да напише предупредување. Покрај тоа, му наредил да го врати Хауди таму каде што го нашол и веднаш да го напушти градот. Ли го направил тоа, а очигледно тој и бикот се среќаваат со години и им станало еден вид традиција да се возат на овој начин.