Црна долна облека и бела бунда: Рита Ора пристигна полугола на Филмскиот фестивал во Венеција (ФОТО)

by Тони Зографски
Престижниот Филмски фестивал во Венеција започна завчера и ќе трае до 9 септември. На отворањето пристигнаа многу познати дами, секоја во свое модно издание. Меѓу нив се појави и британската пејачка со албанско потекло Рита Ора (32), како една од гостинките.

Бурата околу познатата Рита не стивнува откако таа се завитка во српско знаме и го вееше на концерт во Унгарија.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Нејзиното доаѓање во романтичната Венеција не остана незабележан. Пејачката дошла на главниот плоштад, поточно на копното, во елегантен дрвен чамец. Додека, пак, во нејзиното модно издание повторно преовладуваше екстраваганцијата и голотијата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа прошета во проѕирен комбинезон со точки, под кој ѕиркаше црна долна облека со светки. Згора на сето тоа, во средината на август, Рита одлучила да се обвитка во бела бунда до подот. Целиот изглед го заокружила со огромни црни очила, а додека на нозете носела гломазни црни платформи со предимензионирана панделка околу глуждовите.

Веќе наредниот ден, Рита Ора покажа доза на елегантност и гламур каков што доликува на овој престижен филмски фестивал. Пејачката се појави во сребрена тоалета со светки.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

останати вести