Австралијците Вил и Ди се запознале пред неколку години на Тиндер, но по само 12 месеци „класична врска“ сфатиле дека очекуваат многу повеќе од сексуалноста и дека моногамијата не е нешто што ги исполнува
Во меѓувреме пробале секс со повеќе од стотина партнери и се договориле нивната венчавка да биде таква што свечениот ден ќе им биде одбележан со воздишки на сите страни.
„По церемонијата ќе направиме свингерска забава бидејќи и онака ќе имаме многу гости кои доаѓаат од тој свет. Ако некому му пречи таква забава, ќе го испратиме дома, а нашето откачено друштво ќе продолжи да се забавува“, рекле Вил и Ди во интервјуто за каналот „Love Don’t Judge“, по што таа ја покажала долната облека што ја избрала за оваа пригода.
Минатата година, Вил и Ди отворија профил на ОнлиФенс (OnlyFans), а исто така ги претставија и своите сексуални навики на Тик-ток. Тој дури неодамна ѝпризнал на мајка си дека е свингер кој сака да се снима.
Инаку, надвор од нивниот свингерски живот, Вил и Ди живеат сосема нормален живот во конзервативно село во Квинсленд. Тие работат на фармата на нејзините родители, таа се грижи за коњите, а тој за шестесеттина говеда.