Холивудската глумица Дру Баримор веќе подолго време води свое ток-шоу, а за време на едно од последните интервјуа доживеала непријатност.
Дру разговарала со пејачката Рене Рап, а додека разговарале влетал непознат маж и се претставил.
Извесниот Чад Мајкл Басто ѝ се обратил на актерката со зборовите: „Знаеш кој сум јас. Морам да те видам во одреден момент додека се уште си во Њујорк“.
A Drew Barrymore stalker was escorted out of her 92NY event with Reneé Rapp after rushing the stage. pic.twitter.com/8FKqaWzgU8
— Pop Crave (@PopCrave) August 22, 2023
Оваа снимка кружи на социјалните мрежи, а може да се види како се обидува да се искачи на бината, но благодарение на брзата реакција на обезбедувањето, тој не успеал во тоа. Дру и Рене веднаш се повлекле, видно исплашени.
Сепак, Рене се покажала многу заштитничка и инстинктивно ја земала Дру со себе.
„Па, имам нова дефиниција за твојата сексипилност, тоа е тоа заштитното ниво. Станавте вистински телохранител! Ти си мојот Кевин Костнер!“, се пошегува подоцна Дру.