ИСТОРИСКА ФОТКА: Во Њујорк се сретнаа Ѓоковиќ и Меси (ФОТО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се појави фотографија на Новак Ѓоковиќ со Лионел Меси кој сезонава од ПСЖ се пресели во Интер Мајами, што според многумина е историска со оглед што на неа се најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер на сите времиња. Двајцата во неколку наврати потенцираа дека имаат голема почит еден кон друг, па Новак на Мундијалот ја поддржуваше Аргентина и отворено навиваше за Меси, додека Аргентинецот проговори за Србинот, кога тој го подигна десеттиот трофеј на Австралија опен.

Фотографијата доби милиони лајкови и илјадници коментари и споделувања.

Инаку, Новак Ѓоковиќ се подготвува во Њујорк за настапот на Ју-Ес опен, кој почнува в понеделник.

Image

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com