ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Дете си игра криенка на работ од 5-ти кат на облакодер во Кина

by Тони Зографски

Жена која живее спроти облакодер во Женгжу, во провинцијата Хенан, Кина, го снимила моментот од кој се крева коса на 12 август.

На видеото кое се шири на социјалните мрежи момчето се крие од друго дете кое го бара на 5-ти кат од зградата.

Поточно, детето се стуткало покрај климата на полицата под прозорецот од неговиот стан. По некое време, на прозорецот се појавува возрасен човек и му наредува на момчето да влезе во станот.

Шокирана од местото на настанот, загрижената сосетка го алармирала обезбедувањето на зградата, кои ги информирале родителите на детето за сѐ и ветиле дека ќе го зголемат надзорот за да се спречат слични инциденти.

Видеото стигна и до полицијата, која ги предупреди родителите да внимаваат на своите деца и да ги спречат да одат на такви места додека си играат криенка.

останати вести