Рита Ора со 15 години постариот сопруг се одмора на јахта во Шпанија (ФОТО)

by Тони Зографски

Рита Ора (32) и нејзиниот сопруг Таика Ваитити се снимени на одмор во близина на шпанскиот остров Форментера.

Прво се дружеа на луксузна јахта, а потоа фотографите ги снимија како пливаат во морето. Со нив на јахтата биле и неколку пријатели.

Режисерот од Нов Зеланд денеска го прослави и својот 48 роденден.

За потсетување, Рита и Таика се запознале во 2018 година, а почнале да се забавуваат во 2021 година, кога и двајцата биле на снимање во Австралија. Тие се венчаа минатата година во Лос Анџелес, а славната пејачка дури неодамна објави фотографии од венчавката.

Пејачката со косовско потекло претходно излегуваше со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со маорско-еврејско потекло беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Со неа тој има две ќерки, Матева Киритапа и Те Хинекаха.

останати вести