Шпанскиот илузионист Антонио Дијаз, попознат по неговото уметничко име Ел Маго Поп, изведе неверојатен настап во Њујорк.
Доколку не сте запознаени со неговата работа, треба да знаете дека во 2016 година стана најплатениот илузионист во Европа, со проценета плата од 250 милиони евра.
Дијаз овој пат реши да ги „телепортира“ луѓето среде улица, а за својот потфат подготви специјална направа.
Во една стаклена кутија ставил четворица, а потоа ги „префрлил“ во друга кутија!
Публиката беше воодушевена, како и корисниците на социјалните мрежи, а сега сите се тркаат да сфатат како е изведен трикот.
Во морето теории, најверојатно е следново – луѓето не се избрани случајно, туку се соработници на Дијаз, а затворените очи служат да го одвлечат вниманието на публиката од нивните лица.
Штом се подигнаа завесите, соработниците „исчезнаа“ во подножјето на кутијата (која не е толку плитка како што изгледа), додека останатите четворица „излегоа“ од истиот простор на дваесетина метри.
Magician Antonio Diaz, who goes by the stagename El Mago Pop, 'teleported' some volunteers at TODAY Plaza in a mind-blowing trick
[full video: https://t.co/uXSPAW6Vmf]pic.twitter.com/2bxprRpbmZ
— Massimo (@Rainmaker1973) August 8, 2023