Кралицата на Снепчет“ во бикини кое ретко која девојка би се осмелила да го носи (ФОТО)

by Тони Зографски

Инфлуенсерката Џулиана Мари Годард, попозната како ЈесЏулз (YesJulz) неодамна уживала на една плажа во Мајами заедно со пријателките, а во таа прилика прошетала во повеќе од провокативно бикини.

33-годишната Џулиана носела модел на бикини кој малкумина би се осмелиле да го облечат, па затоа не е ни чудно што ги привлекла сите погледи на присутните.

Таа избрала дводелен костим за капење во црна боја, но со проѕирни детали, а токму тие направиле ваквото бикини да биде на граница на невкус.

Проѕирните делови ги откривале токму оние делови кои треба да бидат покриени, а екстравагантното бикини ја истакнало бујната, раскошна фигура на Џулиана, со акцент на нејзината градба во облик на песочен часовник.

Инаку ЈесЏулз е ѕвезда на социјалните мрежи – на Инстаграм ја следат над 600.000 луѓе, а ја нарекуваат и „кралица на Снепчет“. Се дружи со светскиот џет-сет и е менаџерка на бројни рап ѕвезди.

 

останати вести