“АКО ГИ ИЗЕДАМ НЕ ПЛАЌАМ НИШТО“: Тиктокер изеде 153 ќебапчиња во Нови Пазар (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Сермед Мактуф, Тиктокер од Травник во БиХ дошол во Нови Пазар и го направил невозможното.

Во центарот на Нови Пазар поставил маса и чаршав, а Јонуз му донел 153 ќебапи кои ги изел како од шега.

Дошол во ресторанот на Јонуз и го прашал колку ќебапи најмногу изел некој на истото место. Јонуз одговорил дека рекордот е поставен во 2007 година кога еден маж изел дури 53 ќебапи.

Сермед слатко се насмевна како да си помисли „Што е тоа за мене“.

-Ако рекордот беше 53, ќе ми направиш 153 ќебапи, јас ќе седнам таму напред да видат сите дека ќе ги изедам, но ако јадам ништо не плаќам. Дали е договорено? – го праша Сермед сопственикот на кафеаната.

Ќевапи, дури 153, кајмак, лепчиња, сите беа поставени во центарот на Нови Пазар, убаво украсени. Јонуз му носи екцајг, кој Сермед го одбива.

– Виљушка и ќебапи?Хаха не ни требаат виљушки – нагласи тој.

Потоа тргна да го собори рекордот. Јадеше ќебап по ќебап со прсти, а на лицето му се гледаше воодушевување, очигледно беа вкусни. Меѓутоа, ентузијазмот полека го снема, кога дојде до последните три ќебапи. Му направиле вистинска мака, но успеал да ги изеде и тие, а поставил рекорд и изел дури 153 ќебапи.Ја оставил само пиперката.

останати вести