Газдата на “Пинк“ Жељко Митровиќ отвора телевизија во која водителите се вештачка интелигенција (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Газдата на Пинк медиа груп и еден од најбогатите луѓе во Србија, Жељко Митровиќ најави нов медиумски проект со име Главна ТВ и истакна дека таа телевизија нема да има вработени, туку програмата ќе ја водат „дигитално-аватарски новинари“. Тој ја претстави првата водителка на „Важни вести“ со име Србијанка Н. Митровиќ уште вели дека тоа ќе биде првата телевизија во светот без вработени новинари.

„Тоа секако ќе биде единствената телевизија на светот во која нема да има ниту еден вработен жи  човек, а ќе има богата програма во живо, вештачка интелигенција, серверско машинско учење и дигитални виртуелни системи кои ќе претставуваат револуционерен исчекор во планетарната тв индустрија“, напиша Митровиќ вчера на Твитер и објави видео.

Денеска е претставен вториот „новинар-водител“ со име Србо. Митровиќ вели дека оваа телевизија ќе проработи во септември на територијата на Србија, БиХ и Црна Гора.

s

 

останати вести