Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера стана татко, а убавата вест ја сподели на друштвените мрежи.
„Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за гинекологија предводен од д-р Викторија Јовановска“, напиша Бочварски на Фејсбук.