Британскиот актер Горден Кеј почина на 23 јанари 2017 година, а се прославил со улогата на Рене во култната серија „Ало, ало!“.
Горден починал на 76-годишна возраст, во пензионерскиот дом каде што ги поминал последните години.
Она што малкумина го знаат е дека актерот боледувал од тешка форма на деменција и дека во последните денови не препознавал никого од семејството и пријателите.
„Не се препознаваше ниту себеси, стоеше и разговараше, но никого не препознаваше. Зборуваше многу, но ништо од тоа немаше смисла. Тој живееше во некој свој мал свет“ изјавил Рејмонд Шателворт, сопругот на братучетката на Горден, Шајла.
„Не сум премногу тажен бидејќи неговата смрт дојде како благолов. Немаше шанси да се подоби неговата состојба“, изјавил Шателворт по неговата смрт.
За него наводно се грижела и неговата колешка од серијата „Ало, ало!“, актерката Сју Хоџ, која ја играла келнерката Мими со која Рене имал афера.
„Тој немаше браќа или сестри, само роднини. Никогаш не се ожени и остана самотник до крајот. Беше многу осамен. Сето тоа е многу тажно“, изјавил Шателворт.
Во своите мемоари тој објаснил дека необичниот начин на пишување на неговото име е всушност резултат на грешка во правописот во синдикатот на глумци, „Equity“.
Имено, неговото вистинско име било Гордон, но некој случајно го запишал како Горден, па крајот го присвоил како вистинско.
На неговата актерска кариера ѝ пресудила несреќата во 1990-та година, кога се здобил со тешки повреди на главата и завршил со губење на меморијата.
Неговиот соработник Џереми Лојд, кој работел и на неговите мемоари, изјавил дека му помагале да закрепне така што му пуштале епизоди од серијата „Ало, ало!“.
Во својата автобиографија од 1989 година, тој открил дека е геј, а пишувал и дека во младота му било тешко како „буцкастото, срамежливо, геј момче“