Иако најпознат е по своите актерски успеси, приватниот живот на Џорџ Клуни буди уште поголем интерес кај јавноста.
Тој внимателно ја чува својата интима, но добро познато ни е дека со години е во брак со прекрасната адвокатка Амал Аламудин Клуни, од која ретко се одвојува и за која секогаш има пофални зборови.
Амал и Џорџ имаат две близначиња, Александар и Ела, но малкумина знаат како тие изгледаат, бидејќи познатите сопружници се изборија да ја зачуваат нивната приватност од самото раѓање.
Џорџ и Амал најголемиот дел од своето време го поминуваат во неговата куќа на езерото Комо, па така пред неколку дена биле фотографирани како со своите деца одат во луксузен ресторан со својот приватен чамец.