Џенифер Лопез неодамна наполни 54 години, а латино дивата и понатаму изгледа совршено, што го потврди со објава на неколку фотографии на кои позира во долна облека.
Актерката и пејачка се пофалила со затегнатите стомачни мускули на фотографиите на кои носела сет од долна облека во сина боја. Косата ѝ била полуподигната, а изгледот го заокружила со светлосина наметка со принт и бели сандали со висока потпетица.
Најавувајќи дека ќе биде во роденденско расположение цел месец, популарната Лопез претходно сподели снимки од роденденската забава на кои во прв план било нејзиното тело во костим за капење.