Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас деновиве се фотографирани на одмор во Италија.
Тие уживаа на бродот во Портофино со своите пријатели. Судејќи по фотографиите, славниот пар бил добро расположен. Имаа и шведска маса, па уживаа во храната и разговорот.
Освен во дружењето со друштвото, Зета Џонс и нејзиниот сопруг уживаа во времето што го поминуваа сами.
За потсетување, Кетрин и Мајкл се еден од најстабилните парови во Холивуд. И покрај предрасудите, нивната љубовна приказна е исто толку силна како и на почетокот.
Двојката се венча во ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк. Актерката три месеци претходно го родила нивното прво дете, момчето по име Дилан. Во 2003 година ја добија ќерката Керис. Актерот од претходниот брак го има синот Камерон.