Мик Џегер синоќа во Лондон го прослави 80-тиот роденден. Луда журка, очекувано. Меѓу гостите имало многу познати личности, како и неговиот брат Крис, свршеницата Мелани Хемрик, поранешната љубов Џери Хол, неговите деца и многу други. Се славело до раните утрински часови.
Мик Џегер ги собрал гостите во луксузен лондонски клуб дизајниран во кубански стил.
„Тој беше многу среќен што го помина својот роденден опкружен со своето семејство и пријателите, кои долетаа во Лондон од целиот свет за да бидат таму на неговиот посебен ден. Тој беше постојано на подиумот и не престана да танцува цела ноќ, забавата траеше до раните утрински часови. Леонардо Дикаприо и Лени Кравиц ја пееја „Среќен роденден“, а останатите се придружија. Тоа беше едноставно најзабавната прослава.
Имаше чоколадна роденденска торта со бела глазура на која пишуваше „Среќен роденден“, а на вечерата со кубанска тема се појавија егзотични танчарки облечени како да одат на карневал и придонесоа за одличната атмосфера“, раскажал изворот за „Дејли мејл“.
Меѓу гостите биле Рони Вуд (76) и неговата сопруга Сали, дизајнерката Стела Макартни (51), ќерките на Мик Џегер Џорџија Меј, Елизабет и Џејд како и синот Лукас, свршеницата Мелани Хамрик (36) која го носи неговиот прстен на „ветување“. Џери Хол (67) со која беше во љубов 22 години, актерката Анџелика Хјустон (72), режисерот Баз Лурман (60), син на принцот Алберт Втори од Монако, Александар Грималди, кој пристигнал со приватен авион, како и партнерот на топ моделот Кејт Мос, Николас фон Бизмарк.