Познатиот јутјубер Стефан Лазаров неодамна се ожени со својата долгогодишна девојка Марта. Имаше голема свадба со многу обичаи, македонска музика и, како вели, многу, многу љубов.
„Ги почитувам традиционалните вредности и затоа правев свадба со адети и обичаи. Сега имам бурма на рака и дај боже никогаш да не ја извадам “, искрен е Лазаров.
И додека чекаат со Марта да им се среди новиот стан за да почнат за живеете заедно, младенците сè уште се секој со своите родители. „Па, не е лошо ни вака, и онака цел живот ќе бидеме заедно. Ама, знаеш како е, па, си сака човек да си е сам со жената дома“, вели Стефан за Репортер и додава: „Јас сум среќен човек, ја сакам Марта и сигурен сум дека нема никогаш да се разведеме“.
Со Стефан разговараме за многу теми. Дознавме дека потекнува од семејство каде најважна е почита и љубовта. „Никогаш не ме удриле моите. Јас сум така воспитуван. И во најтешките мигови кога сме немале пари, сме биле едно. И денес е така“, вели Лазаров. Ни откри дека сака да стане татко, но дека сè уште не брзаат со сопругата. „Па за две години би сакал, едно машко и едно женско“, додава тој.
За несудената фудбалска кариера вели: Бев добар фудбалер. На прагот да заиграм во првата лига, не заради повреда, туку заради растот, ми се скрши коска на коленото. На ниту едно 15. годишно дете не му е лесно да слушне, дека ако продолжи да игра фудбал ќе остане траен инвалид“, се присетува Стефан.
Не ги скри емоциите за малиот Кико, за кого до последно се надеваше дека ќе преживее. „Многу ме погоди. Одев кај нив дома, до последно мислев ќе стане.“Не можев ни да поверувам кога ми кажа татко му дека починал“, открива познатиот јутјубер.
Од почетоците кога било тешко, до шансата и популарноста, за новото студио, за Марта, за кавгата со Бомбакис, има ли проблеми со јавните личности и уште сто приказни … Гледајте го интервјуто.