Рис Витерспун и Ава Филипе беа гостинки на летната забава на Oceana во Калифорнија.
47-годишната актерка и нејзината 23-годишна ќерка се појавија на настанот облечени во светли креации и насмеани позираа за фоторепортерите.
Нивната сличност инстантно поттикна море од коментари дека изгледаат како сестри, а јасно е и зошто.
Инаку, Ава студира на „УС Беркли“, а покрај тоа е и модел. Има снимено и неколку едиторијали, како оној за иконата за убавина и шминкер Пет Мекграт.
Покрај Ава, Рис го има и 18-годишниот син Дикон од нејзиниот поранешен брак со колегата Рајан Филип, додека со поранешниот сопруг Џим Тот го има синот Тенеси.
Деновиве, Рис и Ава беа уловени од папараците и на прошетка во Брентвуд.