На Фејсбук групата „Грчка инфо“, се појавило неверојатно видео од октопод залепен за грб на еден маж во Грција. Не се знае точно каде и како се случило ова, но италијанскиот државјанин, по име Кристијан Кастања, успеал добро да се снајде и покрај „неочекуваниот гостин“ на грбот, додека уживал на една од многуте прекрасни плажи во Грција.
Бројни се коментарите на Србите, корисниците на социјалните мрежи и членовите на гореспоменатата група на „Фејсбук“. Повеќето навеле дека немало да издржат ниту 10 секунди доколку им се случело тоа што му се случило на Кристијан.