Јарослава Шикова (15) почина откако била брутално силувана, фрлена гола на пругата и запалена. Поради монструозното дело, уапсен е и приведен нејзиниот другар од училиштето Сергеј Мињазев (16) и одреден му е притвор.
Девојката 10 дена се борела за живот во болница, но им подлегнала на повредите. Јарослава била тешко повредена лежејќи на пругата кога ја забележал машиновозач на возот. Тој ја видел девојката како се тркала од шината во тревата и веднаш повикал полиција.
-Таа беше оставена дијагонално преку шините, насекаде имаше крв. Ја видов како се тркала од шините и се онесвести. Имаше изгореници по телото, дури и тревата во нејзина близина чадеше. Кога пристигнаа болничарите, таа сè уште беше во несвест, рекол машиновозачот.
Девојката итно била пренесена во болница каде 10 дена се борела за живот. Во тој период успеала да го идентификува напаѓачот. Покрај Сергеј Минјазев, приведени се уште двајца тинејџери. Се истражува нивната улога во убиството.
Полицијата се сомнева дека девојчето било оставено на шините со намера да умре. Кога ја пронашле, таа била целосно гола, на себе имала само чорапи.
-Не најдовме облека. Нејзината глава беше крвава, а косата изгорена. Немаше крв на телото, па се сомневаме дека ја удрила главата од шините, изјавил сведокот.
Тој додал и дека девојката имала запалива течност во устата како и на интимниот дел од телото, поради што полицијата смета дека напаѓачите се обиделе да се ослободат од биолошките траги.
Инаку, девојката тој ден била на забава. Се вратила дома, им се јавила на родителите и им кажала дека ќе спие, како што рекол нејзиниот татко. Нејзините родители мислеле дека спие, но девојката потоа излегла низ прозорецот и се вратила на кобната забава.