Познатата манекенка Џиџи Хадид е приведена на Кралските Кајмански Острови.
28 годишната Џиџие уапсена и обвинета за поседување марихуана и реквизити за дрога откако минатата недела долетала од САД на Кајманските Острови, пишува TMZ.
Имено, таа на 10 јули пристигнала со приватен авион на меѓународниот аеродром Овен Робертс и со багажот заминала на царина.
Цариниците ја поминале нејзината чанта низ скенер и рачно ја пребарале, каде што нашле „мала количина трева и реквизити за пушење“.
Утврдено е дека марихуаната е „само за лична употреба“, иако Хадид и нејзиниот придружник биле уапсени под обвинение за увоз на марихуана и реквизити од канабис.
Џиџи беше процесуирана во притворниот центар на Кралските Кајмански Острови – каде беше договорена кауција и подоцна ослободена, во очекување на гонење.
Таа, исто така, беше казнета со 1.000 долари и наводно нема осуди во нејзиното досие.
Познатата манекенка Џиџи Хадид се огласи откако беше уапсена поради поседување марихуана.
Откако веста го обиколи светот, манекенката реши да покаже колку не и е грижа за лошите коментари.
Џиџи објави слики од морето на кои може да се види како ужива, а потоа напиша:
-Се е добро што добро завршува.