Ѕвездата на „Only Fans“ Даниела Хемсли со едногласна одлука победи на боксерскиот меч во Даблин против Александра Даниелка.
Победата ја прослави кревајќи го градникот и им ги покажа градите на сите во салата, но и на гледачите пред малите екрани.
По тепачката таа се извини за својата постапка, посочувајќи дека ја совладале емоциите.
„Малку ме обземаа емоциите, само сакав некако да се изразам“, вели 22-годишната девојка.
Даниела е позната по својот канал на „Only Fans“, а на инстаграм ја следат над 110 илјади следбеници.